Познат е првиот кандидат за наследник на Емери во Арсенал

Унаи Емери денеска заработи отказ од Арсенал, па клубот веќе бара негова замена. Привремен менаџер ќе биде тренерот на резервниот тим и поранешна легенда на клубот, Фреди Љунберг.

Англиските медиуми информираат дека менаџерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто е прв кандидат за клупата на лондонскиот гигант. Португалецот работи фантастично во овој клуб изминатите неколку сезони, па Арсенал се надева дека со него може да се врати на врвот во Премиерлигата.

Се споменуваат и имињата на Масимилијано Алегри и Карло Анчелоти, но Еспирито Санто е најреалната и најефтината варијанта за Арсенал моментално.