Повредата на Гвардиол е удар за Сити, но се тресе и Хрватска!

Дефанзивецот Јошко Гвардиол се повреди на мечот меѓу Манчестер Сити и Челси, најцрните прогнози велат дека тој би можел да го пропушти преостанатиот дел од сезоната.

Гвардиол е еден од најважните фудбалери на Манчестер Сити, па неговото отсуство е удар за тимот на Пеп.

Синоќа беа извршени детални тестови за повредата на Хрватот и потврдено е дека има скршеница на тибијата (потколеницата). Од клубот најавија дека фудбалерот ќе биде опериран во наредните денови.

Официјални прогнози за тоа колку ќе отсуствува Гвардиол се уште нема, но јасно е дека тоа ќе биде подолга пауза.

Хрватите стравуваат дека тој ќе го пропушти Светското првенство. Се чини дека Гвардиол ќе биде во трка со времето за да се опорави за Мундијалот, некои одат дотаму што велат дека би било чудо ако настапи.

Откако ќе биде извршена операцијата се очекува да има и попрецизни прогнози за должината на неговото отсуство.

Како и да е, јасно е дека Манчестер Сити загуби голем играч за преостанатиот дел од сезоната, а Хрватска до последен момент ќе се тресе дали тој ќе игра на Мундијалот.