Повредата е минато - Синер освои уште една титула
За четвртиот трофеј во сезоната и 22. во кариерата, тој во финалето го победи Александер Зверев со 2-1 (3-6, 6-3, 7-5) за точно 2 часа и 30 минути игра. Со тоа ја одбрани титулата во австриската престолнина каде сега има 10 врзани победи, а од Шангај минатата година, на тврда подлога има биланс 43-3.
Со ова Синер ја задржа негативата од 850 бода на АТП ранг листата во однос на Алкараз, но само теоретски шанси има да се искачи на првото место на крајот од сезоната до кој има уште неполн месец.