Поранешен англиски шампион се соочува со одземање бодови!?

Англиските медиуми пишуваат дека поранешниот англиски шампион Лестер повторно се соочува со ист проблем како и минатото лето, односно им се заканува одземање бодови.

Клубот ја чека одлуката за потенцијалната казна за загубата од 92,5 и 90 милиони фунти за 2022 и 2023 година.

На 13 јануари клубот ќе дознае дали ќе им биде изречена казна, а доколку се случи такво нешто, тогаш тоа е голем проблем за Лестер кој би можел да се соочи и со испаѓање од елитата.

Лестер во моментов е на претпоследното место со 14 бодови, односно осум повеќе од Саутемптон.