Помошникот на Гвардиола го менува Емери на клупата на Арсенал

Деновите на Унаи Емери на клупата на Арсенал се избројани. По ремито 2-2 против Саутемптон, менаџерот на следните три натпревари мора да освои девет бода за да остане на клупата во Лондон. 

На сите им е јасно дека „топчиите“ моментално немаат капацитет за таква серија без разлика што имаат лесен распоред и натпревари со Норич, Брајтон и Вест Хем.

Клубот веќе се подготвува за смена на Унаи Емери, а според шпекулациите во англиските медиуми прв избор за нов менаџер е Микел Артета. Шпанецот моментално му е помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити, но неговото минато како фудбалер на Арсенал го прави идеален кандидат. 

Артета важеше за еден од најинтелегентните фудбалери на теренот, а изминативе години од прва рака го учеше тренерскиот занает од еден од најдобрите тренери во светот. 

Во комбинација се уште неколку други имиња како Масимилијано Алегри и Маурицио Покетино, но англиските медиуми највеќе шанса му даваат на Артета.