
Шампионот се засили со полски репрезентативен бек!
Станува збор за 22-годишен ракометар на кој му се прогнозира светла иднина.
Видомски стави потпис на двегодишен договор со Пелистер и својата битолска авантура ќе ја почне од следната сезона.
Се работи за ракометар кој доаѓа во Македонија од Гвардиа Ополе во полската Суперлига. Видовски е висок 186 сантиметри, настапува за полската репрезентација и му се претскажува блескава иднина.