Паје му се заканил на Нејмар: Нека се смири или ќе му ги скршиме нозете

Фудбалерите на ПСЖ на домашен терен успеаа да го победат Марсеј со 3-0, но победата остана во сенка на повредата на Нејмар, кој мораше да го напушти теренот.

Бразилецот беше изнесен надвор од теренот, откако незгодно згазна и се повреди по дуел со едне од противничките играчи. По болната гримаса на неговото лице беше јасно дека станува бор за потешка повреда.

Во Париз се надеваат дека не е ништо сериозно и дека ќе се врати за средбата против Реал Мадрид во Лигата на шампиони. Меѓутоа, француските медиуми пишуваат дека играчот на Марсеј, Дмитри Паје, неколку минути претходно му се заканил на Нејмар дека ќе го повреди.

„Кажете му на Нејмар да се смири или ќе мора ние да се погрижиме за тоа“, наводно кажал Паје на главниот судија, изнервиран поради тоа што Нејмар неколку пати бараше прекршок.