Падна договор: Кансело се враќа во Европа - ќе игра за Барселона!
Новинарот Фабрицио Романо објави дека двете екипи се договориле, а Барселона ќе ја покрие платата на Кансело од четири милиони евра.
Во конкуренција за потписот на одличниот дефанзивец беше и Интер, кој водеше преговори со Ал Хилал, но Кансело јасно кажа дека сака да се врати во Барселона.
Португалецот играше за каталонскиот тим во сезоната 2023/24, по што се врати во Манчестер сити и веднаш беше испратен во Ал Хилал.
Фото: EPA