Олмо прави трансфер кој ќе ја наполни касата на Динамо Загреб

Шпанскиот фудбалер Дани Олмо има одлични настапи во дресот на Лајпциг, а тоа привлече голем интерес од Англија каде што би можел да се пресели во летниот преоден рок.

Интерес за услугите на 25-годишниот Олмо покажале неколку премиерлигаши, а се очекува Лајпциг да добие 31 милион евра за трансферот на Шпанецот, но дел од целата сума ќе му припадне и на хрватскиот тим Динамо Загреб.

Динамо Загреб во договорот со Лајпциг вметна и клаузула за да добие 20 отсто од парите од следниот трансфер на Олмо, па тоа значи дека би добил околу 6,2 милиони евра.

Олмо во дресот на Динамо настапи на 124 меча, а притоа постигна 34 голови и 28 асистенции.