Неславен рекорд на Арсенал: Првпат по еден век, ниеден фудбалер не постигна двоцифрен број голови

Зад Арсенал е уште една сезона без трофеј и покрај тоа што екипата го освои второто место во Премиер лигата и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Повеќе од две децении, „топчиите“ очекуваат титула во англиското првенство, но очигледно тимот има проблем со ефикасноста и тоа е најголемата пречка да се направи последниот чекор. Недостасува доминантен напаѓач кој ќе ја преземе одговорноста како што е Салах во Ливерпул и Халанд во Манчестер Сити.

Најдобар доказ за тоа е фактот што ниеден фудбалер на Арсенал оваа сезона не постигна двоцифрен број голови и такво нешто се случува првпат по сезоната 1923/24. Најблиску до оваа граница беше Каи Хаверц кој застана на девет гола, Тросар и Мартинели реализираа по осум, Мерино седум, а Сака шест. Ако се земат предвид сите натпреварување, Хаверц има 15 гола, Сака 12, а Мартинели и Тросар по 10.

Очигледно во летниот преоден рок клубот ќе треба да обрне внимание на овој сегмент и, евентуално, да донесе врвен голгетер.