Нема секс, сами перење дресови, копчиња на лифт да се притискаат со лакт!

Бундеслигата е подготвена да биде првата европска лига која се враќа на терените по паузата поради коронавирусот. Секако, за тоа потребно е прво владата да даде „зелено светло“, а тоа се очекува на 30 април. Сепак, што се однесува до Бундеслигата, сè е подготвено првенството да продолжи на 9 мај.

Екипите веќе тренираат, по одреден режим, а строгите правила мора да продолжат и со почетокот на натпреварите. Лигата донесе цела листа правила по кои фудбалерите ќе мора да се придржуваат, ако сакаат да не си направат проблеми и себе и на екипата и на целата лига. 

На стадионите ќе смеат да присуствуваат максимум 300 лица, а меѓу нив: четири додавачи на топката, четири полицајци, 10 новинари, 50 лица за обезбедување со минималенконтакт.

Останатите правила се:

- Играчите ќе се тестираат двапати неделно

- Контактите ќе бидат минимални во тек на тренинзите и тимските состаноци

- Играчите ќе си носат своја храна и ќе користат свои шишиња за вода

- Играчите ќе се тушираат дома и ќе мора сами да си ги перат дресовите и копачките

- Играчите ќе носат маски, ќе мора да си ги дезинфицираат рацете и да си мерат температура по враќање од тренинг

- Играчите на домашните тимови ќе се возат со сопствени автомобили

- Престојот во соблекувалните ќе биде сведен на минимум

- Гостинските фудбалери, по завршувањето на натпреварите, ќе се тушираат на растојание од два метра.

- Приватните разговори ќе може да се одвиваат, но само на доволно растојание

- Екипите нема да бидат во тунелот во ист момент, нема ракување, тимски фотографии

- Замените на клупа ќе седат на растојание од две или три столчиња

- Играчите кои ќе бидат во хотели, ќе мора да избегнуваат контакт со останатите гости и со соиграчите

- Копчињата на лифтовите ќе ги притискаат со лакт

- Не смее да се користи услугата сервис во соба

- Дозволени се само одредени посети

- Секс и бакнеж со партнерките, кои имаат какви било симптоми се забранети

- Не смеат да се споделуваат пешкири, садови, пијалак, постелнина со другите членови од семејството

- Играчите ќе киваат и кашлаат, барем, на два метра од другите соиграчи