Јунајтед не смета на Онана – тргнува по еден од најдобрите голмани во светот!

Eкипата на Манчестер јунајтед во новата сезоа би можела да има нов голман и тоа еден од најдобрите во светот, Емилијано Мартинез.

Имено, аргентинскиот новинар Гастон Едул кој важи за еден од најсигурните извори во Аргентина објави дека одличниот чувар на мрежата преговара со Манчестер јунајтед и Астон Вила е подготвена да го продаде.

Оваа не е и преголемо изненадување, ако се знае дека Аргентинецот во последното коло во минатата сезона се простуваше од навивачите и веќе неколку недели наназад се шпекулира за неговата потенцијална следна дестинација.

Се споменуваше Галатасарај, но Мартинез чека друга понуда, а за Манчестер јунајтед веројатно би можел да размисли.

Не е тајна дека Аморим сака нов голман бидејќи нема доверба во Онана кој би можел да замине, но тоа нема да биде лесно. За него гигантот од „Олд Трафорд“ плати сума од 50 милиони евра во 2023 година, а има и високи примања кои некој друг клуб тешко би му ги обезбедил.

Фото: Manchester United/X