Едвардс со 42 поени го урна Голден стејт и ја врати Минесота на победнички колосек! (ВИДЕО)
Минесота водеше речиси во текот на целиот меч, во текот на третиот период имаше предност и од 25 поени разлика, Голден стејт до крајот успеа само да намали од негативата и да се избори за релативно пристоен пораз.
Ѕвезда на вечерта беше Ентони Едвардс кој постигна 42 поени, тоа беше десети пат оваа сезона како ја мина границата од 40 поени, втор стрелец за Минесота беше Руди Гобер со 20 поени.
Најдобар во составот на Голден стејт беше Подзиемски со 25 поени, имаше и 10 скокови, Порзингинс реализираше 20 поени.
Резултати:
Далас - Кливленд 105-138
Детроит - Мемфис 126-110
Индијана - Њујорк 92-101
Торонто - Феникс 122-115
Хјустон - Њу Орлеанс 107-105
Голден стејт - Минесота 117-127
Портланд - Јута 124-114
ЛА Клиперс - Чикаго 119-108