Нема непоразени во Серија А: Наполи го доби дербито со Јувентус (ВИДЕО)
Натпреварот започна изедначено и во првото полувреме не видовме премногу прилики, но „старата дама“ успеа да дојде до водство и тоа со голот на новото засилување од ПСЖ, Рендал Коло Муани. Французинот стрелаше пред крајот на првиот дел во 43. минута.
Во второто полувреме Наполи започна да доминира, а како се одвиваше натпреварот во овој период најдобро покажува податокот дека „старата дама“ не упати ниту еден удар кон противничкиот гол во вторите 45 минути.
Таквата игра домаќините знаеа да ја искористат и преку Ангуиса и Лукаку од пенал направија целосен пресврт и за триумф.
На табелата во Италија Наполи е лидер, сега со 53 бода, додека Јувентус иако има само еден пораз сепак е петти поради 13-те нерешени средби.