Нејмар успешно опериран и веднаш ја почнува рехабилитацијата!

Францускиот гиант Пари Сен Жермен и бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) потврдија денеска дека најскапиот светски фудбалер Нејмар имал успешна операција на скршеницата на метатарзалната коска во стапалото, која ја заработи пред една недела на дербито со Марсеј.

Нејмар на големото француско дерби заработил исчашување на зглобот и оштетувања на петтата метатарзална коска, а по три дена испитувања, беше одлучено дека ќе мора да оди на операција во консултација на ПСЖ со докторот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар, кој и го оперирал.

Операцијата беше извршена во клиниката „Матердеи“ во Бело Хоризонте и преку соопштение беше објавено дека се минало во најдобар ред.

„Операцијата ја изврши доктор Родриго Ласмар, која мина успешно. Таа се состоеше во поставување на штраф за зацврстување на петтата метатарзална коска во стапалото. Нејмар веднаш ќе почне да работи со клупски физиотерапевт, а за контрола ќе му биде направена за шест недели кога и ќе се утврди можниот датум за негово враќање на тренинг“, стои во соопштението.

ПСЖ засега не знае точно колку ќе паузира Нејмар, но таткото на Бразилецот претходно најави дека таа пауза ќе биде помеѓу шест до осум недели.

„Операцијата е завршена и Нејмар веќе е во неговата соба. Се мина во најдобар ред“, објавил и портпаролот на бразилската конфедерација.