„Најк“ е виновен? Откриено зошто Нејмар се повредил

Откако најдобриот бразилски фудбалер Нејмар се повреди на дербито со ПСЖ и поради то сега го очекува подолга пауза поради скршеница на метатарзалната коска во стапалото, а како причина за повредата биле – копачките на „Најк“

Таткото на Нејмар потврди дека неговиот син ќе паузира помешу шест и осум недели, а засега нејасно е дали Бразилецот ќе оди на операција. По повредата, како прва причина што се посочува за повредата се – копачките.

Имено, за време на првиот меч во осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, Нејмер направил промена. Го започнал мечот во копачите „Најк Меркујурал Вејпор 360“, но за време на мечот имал проблем со стабилноста на теренот, па честопати се лизгал. За 20 минути потоа ги сменил и се вратил на стариот модел „Најк Меркјуриал Пуро Феномено“.

Но, за дуелот со Марсеј, Нејмар се решил повторно да ги носи портокаловите копачки „Вејпор 360“, но со една промена, ги одбрал тие со помеко тло (СГ-Про) наместо вообичаените со цврсто и тврдо тло (ФГ).

Според поборниците на одредени теории, сметаат дека токму тоа помеко тло на копачките на Најк имале клучна повреда на метатарзалната коска. Оваа тероија наводно ја прифатиле и дел од раководните луѓе на ПСЖ.

Сега се поставува прашањето, дали ПСЖ ќе отвори фронт против американскиот гигант за спортска опрема.