На Јовиќ му се крена самодовербата по двата гола: Влегувам во форма!

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ конечно почна да дава голови во дресот на Милан по сушата која траеше од почетокот на сезоната.

Минатата недела погоди против Фросиноне, а синоќа и против Аталанта иако „росонерите“ загубија во Бергамо со 2-3. Тоа му ја крена самодовербата на репрезентативецот на Србија кој најави продолжување на серијата и на следните натпревари.

„Чувствувам дека се враќам во формата во која сакам да бидам. Добро тренирам и работата конечно почнува да се исплатува. Со довербата на Пиоли, навистина мислам дека сум на добар пат да покажам дека може да се смета на мене“, изјави Јовиќ.

Пред Милан е исклучително важен натпревар, против Њукасл во Лигата на шампионите на кој поранешниот италијански првак треба да победи за да се надева на пласман во нокаут фазата.