Моментно 23-ца спортисти се заразени со коронавирусот - фудбалерите доминираат!

Дефанзивецот на Валенсија, Езекиел Гарај, е 23-тиот спортист кој е заразен со коронавирусот, откако неговиот тест се покажа позитивен.

Пандемијата на коронавирус го зафати целиот свет, а меѓгу заразените има и многу спортисти. Спортските натпреварувања претежно се откажани, додека во моментов 23 спортисти се во изолација откако беа тестирани и се покажаа како позитивни на коронавирусот.

Најпогодени спортисти со коронавирус се фудбалерите/тренерите - 16, додека дури седум играчи на Сампдорија се позитивни на коронавирусот (Маноло Габиадини, Омар Коли, Албин Екдал, Антонино Ла Гумина, Мортен Торзби, Фабио Депаоли, Бартош Бережински), тројца од Фиорентина (Херман Пецела, Патрик Кутроне, Душан Влаховиќ), двајца од Хановер (Тимо Хаберс, Ејмс Хорн), по еден од Јувентус (Даниеле Ругани), Челси (Калум Хадсон-Одои), Валенсија (Езекиел Гарај)...

Кошаркарите на Јута, Руди Гобер и Донован Мичел исто така се меѓу заразените, а на нив им се придружи и Кристијан Вуд од Детроит, како и играчот на Реал Мадрид, Треј Томпкинс.

Исто така, и тројца велосипедисти (Фернандо Гавирија, Дмитриј Страхов, Максимилијано Ричезе) се на списокот на заразени спортисти, кои се во самоизолација, а засега добро се чувствуваат и чекаат да ги помине вирусот.