Милан мака мачи со Сасуоло, повторно не победи! (ВИДЕО)
Сасуоло од самиот почеток на натпреварот покажа дека ќе биде незгоден ривал за Милан во денешниот дуел и успеаја гостите први да дојдат до водство. Стрелаше Коне по 13 минути игра.
Милан дојде до израмнување во 34. мнута кога 19-годишиот Бартезаги го совлада гостинскиот голман.
Само што започа второто полуврееме по две минути игра, Бартезаги го постигна и својот втор гол по асистенцијата од Нкунку.
Сасуоло сепак, не се откажа и до крајот преку Лауренте во 77. минута дојде до израмнување, а тој резултат се покажа и како конечен.
Со ова реми Сасуоло и уште еднаш покажа дека во последните години е незгоден ривал за „росонерите“ бидејќи во последните шест дуели, Милан само еднаш успеал да слави победа.