Мбапе во „војна“ со ПСЖ - сака да го исфрли тимот од ЛШ!

Адвокатите на Килијан Мбапе тргнаа во нов напад за да го решат спорот меѓу францускиот фудбалер и гигантот ПСЖ.

Францускиот напаѓач треба да добие 55 милиони евра од ПСЖ, но екипата засега не сака да му ги исплати парите.

Еден од адвокатите на Мбапе, Делфин Верхејден побара интервенција од францускиот министер за спорт и Европската куќа на фудбалот (УЕФА).

Верхејден вели дека ПСЖ би можел да се соочи и со потешка санкција, односно да остане без шанса да настапи во Лигата на шампиони (ЛШ) доколку се утврди дека е виновен.

Во октомври минатата година комисијата за жалби во француската лига ја потврди одлуката дека ПСЖ треба да му исплати 55 милиони евра на Мбапе.