Мбапе имаше пенал да ја дотолчи Барса, „пензионерот“ Шчесни му одбрани (ВИДЕО)

По само шест минути игра во второто полувреме, првото Ел Класико оваа сезона можеше да биде решено бидејќи Килијан Мбапе доби пенал по играта со рака на Ерик Гарсија во својот шеснаесетник.

Французинот, кој веќе постигна еден гол денеска, шутираше полувисоко, но Војчех Шчесни кој лани излезе од пензија за да ја спаси Барса, а сега повторно е на припомош поради повредата на Жоан Гарсија, на атрактивен начин успеа да го скроти неговиот удар.

 

 

Сепак, Реал и натаму е во поволна позиција, има водство и многу посвежи фудбалери поради седумте повредени играчи на Барселона.