Манчестер Сити во хаос пред дербито со Арсенал - повредена речиси цела екипа

В недела на Ал Етихад се игра дербито на сезоната меѓу Манчестер Сити и Арсенал, а „граѓаните“ се во исклучително тешка ситуација пред мечот кој можеби ќе го одлучи освојувачот на титулата во Премиер лигата.

Репрезентативните настапи повторно си го зедоа својот данок, па речиси цела екипа се соочува со повреди. Од дербито со Ливерпул во „аут“ е голманот Едерсон, потоа се повредија Џон Стоунс и Кајк Вокер, а неизвесни се уште Кевин де Брујне, Џек Грилиш и Матеус Нуњес. Освен нив, повредени се вратија Бернардо Силва, Рубен Силва, Мануел Аканџи и Ерлинг Халанд со тоа што тие би требало да бидат подготвени за неделниот натпревар.

И Арсенал не е без проблеми бидејќи непосредно пред настапите на англиската репрезентација се повреди Букајо Сака, но тоа не е ништо во според со ситуацијата во редовите н ривалот.