Манчестер сити го потврди црното сценарио за Гвардиол - го чека долга пауза!

Англискиот гигант Манчестер сити соопшти дека хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол е повреден и го чека долга пауза.

„Граѓаните“ објавија дека Гвардиол има повреда на десната нога, односно ја повредил тибијата (голема писка) која е една од најтешките повреди во светот на спортот.

Медицинските прегледи покажаа дека мора да оди на операција и се очекува да паузира неколку месеци, но засега нема прогноза кога би се вратил на теренот.

Хрватот оваа сезона настапи на 23 меча за „граѓаните“, а притоа постигна два гола и пет асистенции во сите натпреварувања.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Manchester City (@mancity)