Манчестер Сити дома не успеа да го победи Брајтон! (ВИДЕО)

Манчестер Сити им приреди ново разочарување на навивачите откако одигра само 2-2 против Брајтон на Етихад, Нотингем форест со 4-2 победи кај Ипсвич.

Тимот на Гвардиола добро го почна натпреварот, со гол на Халанд од пенал уште во 11. минута поведоа со 1-0.

Но, само десет минути подоцна Еступиан реализираше за 1-1. Сепак пред крајот на првото полувреме Сити ја врати предноста со гол на Мармуш.

По три минути игра во вториот дел Хусанов си даде автогол за конечни 2-2.

Нотингем форест оствари многу важна победа во битката за позициите кои водат во Лигата на шампионите откако со 4-2 славеше на гостувањето кај Ипсвич.

Евертон ја продолжи серијата без пораз откако одигра 1-1 на свој терен против Вест Хем.

Гостински триумф забележа Вулвс кај Саутемптон со 2-1.