
Реал Мадрид првпат по осум години победи на гостување кај Виљареал! (ВИДЕО)
Гостувањето кај Виљареал беше едно од најтешките за Реал Мадрид во последно време, таму немаа победено цели осум години. Конечно тој пост е завршен.
И овој меч за Реал Мадрид не почна добро, Виљареал поведе уште во седмата минута со гол на Фојт.
Но, не помина долго а резултатот беше комплетно друг.
Најпрво Мбапе во 17. минута израмни на 1-1, а францускиот фудбалер шест минути подоцна погоди за водство на Реал Мадрид од 2-1 што беше и конечен резултат.
Реал Мадрид во моментов е прв со 60 бодови, има три бода повеќе од Барселона и четири повеќе од Атлетико Мадрид, но Каталонците имаат дури два меча помалку.