
Гостивар: Не сакаме да учествуваме во Лига во која нема правда!
Домаќините славеа со 2-1 и остварија мошне важна победа во борбата за опстанок, но гостиварци имаат многу замерки и на судиите и на однесувањето на претставници и блиски на кавадаречкиот клуб.
„Нашите ѕвезди и менаџерите, кои имаат милиони следбеници на социјалните мрежи, постојано ги споделуваат убавините во Македонија. Отсега, ќе споделуваат само скандали во македонскиот фудбал. Денеска ни беа украдени три бода од судијата Марјан Младеновски. Ако не се најде решение за вакви манипулации, ние без размислување ќе се повлечеме. Претходното раководство на Федерација не казни со три бода, но ние не се плашиме да добиеме казна и од шест или девет бода, ако тоа донесе правда во македонскиот фудбал. Не сакаме да учествуваме во лига во која нема правда.
Дополнително, должноста на градоначалникот не е да биде спортски директор и да ги манипулира судиите, туку да се грижи за благосостојбата на градот и неговите жители“, пишува, меѓу другото, во соопштението од ФК Гостивар.
По денешниот пораз, гостиварци паднаа на четвртото место на табелата во Првата лига со шест бода помалку од лидерот Шкендија.