
Потфрли кога најмногу требаше: Салах го одигра најлошиот меч за Ливерпул! (ФОТО)
Откако беше елиминиран од ФА Купот и од Лигата на шампионите, Ливерпул се надеваше дека во англискиот Лига Куп ќе дојде до првиот трофеј под водство на Арне Слот.
Но тоа не се случи, Њукасл победи со 2-1 и го освои својот прв трофеј по 70 години.
Салах игра фантастична сезона во Ливерпул, но кога на ред дојде финалето и потенцијалниот трофеј, тој беше очаен.
На овој меч Салах немаше ниту еден обид за шут, ни креирана шанса, а го одигра целиот натпревар. Ова му се случи првпат откако е член на Ливерпул.