
Пикси покажа класа: Ќе предложам да одиграме хуманитарен меч со Македонија!
Тој истовремено откри дека планира да предложи одигрување на хуманитарен натпревар меѓу Србија и Македонија, преку кој би се собрале средства за помош на настраданите.
„Би сакал да изразам сочувство до семејствата на жртвите. Ќе предложам Фудбалскиот сојуз на Србија да го контактира македонскиот сојуз за евентуално организирање пријателски натпревар од хуманитарен карактер“, изјави популарниот Пикси на прес-конференцијата во Стара Пазова, пред дуелите со Австрија во баражот за останување во А дивизијата од Лигата на нации.
Пожарот избувна во ноќта меѓу саботата и неделата во дискотека во Кочани, при што загинаа најмалку 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.