„Куртоа треба да замолкне и да биде благодарен што играл за Атлетико Мадрид“

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Керезо има порака за Тибо Куртоа кој го навлече гневот на фановите по мечот од Лигата на шампионите.

Тибо Куртоа три сезони играше во Атлетико Мадрид, од 2011 до 2014 година го носеше дресот на овој клуб каде што настапуваше како позајмен од Челси.

Но, на последниот меч меѓу градските ривали, Куртоа покажа непочитување за фановите на Атлетико при напуштањето на теренот. Сега со реакција се јави претседателот Керезо.

„Тибо Куртоа треба да замолкне. Тој треба да биде благодарен што играше за Атлетико Мадрид“, вели Керезо.

„Куртоа е одличен голман, но треба да биде џентлмен како нас. Ние сме џентлмени, нема да ја избришеме плочката со неговото име“.