
Тиквеш ги отфрла стравичните обвинувања на Гостивар и најави тужба за клевета!
Тие посочуваат дека според нивните информации, фудбалерите и стручниот штаб на гостинскиот тим биле сместени во карантин, но не во Кавадарци туку во хотел во Неготино.
„Никој од стручниот штаб на гостите пред почетокот на натпреварот не пријави било какви било здравствени проблеми кај фудбалерите. Тимот беше уредно пречекан и сè беше во најдобар ред до стартот на натпреварот“, се вели во соопштението на Тиквеш.
Клубот дополнително наведува дека има информации дека дел од фудбалерите на Гостивар, кои се муслиманска вероисповед, се придржувале до Рамазанскиот пост, што значи дека воопшто не внесувале храна и течности од изгрејсонце до почетокот на натпреварот.
Поради, како што велат, лажните обвинувања и манипулации со јавноста, управата на Тиквеш најавува поднесување тужба против челниците на Гостивар за клевета и за манипулирање на јавноста со вистината.