
Македонија во тивка атмосфера ги почнува подготовките за дуелите со Лихтенштајн и Велс
Селекторот Благоја Милевски денеска ја направи прозивката на репрезентативците. Тие пристигнуваа во хотелот „Хилтон“, но атмосферата не беше како на претходните собири.
Ужасната трагедија во Кочани ги потресе сите Македонци, а тоа беше видливо и на лицата на фудбалерите кои се собраа во мирна и тивка атмофера.
Македонија првата задача во квалификациите за СП 2026 ќе ја има на 22 март кога му гостуваме на Лихтенштајн, а на 25 март го пречекуваме Велс на Националната арена „Тодор Проески“.
Во меѓувреме ФФМ соопшти дека во знак на почит за настраданите од пожарот во Кочани, медиумските активности со фудбалерите пред овие квалификациски натпревари ќе бидат сведени на минимум.