Директорите не го избркаа Мота, но имаат две барања од него

Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота денеска беше повикан на состанок со директорите на клубот со цел излез од кризата која ја зафати екипата.

Во прашање е доведен пласманот во Лигата на шампионите за идната сезона, па во пресрет на последната четвртина од сезоната во Серија А, двете страни се обидоа да најдат заеднички јазик. Мота засега не е во опасност од  отказ, но директорите имаат две барања од него кои би требало да помогнат во остварувањето на амбициите.

Првото е Мота да ги среди проблемите во одбраната, а второто е да се поврзе дополнително со фудбалерите бидејќи само така екипата може да напредува. Последните недели интензивни се шпекулациите дека Мота нема добар однос со играчите што е главна причина за слабите изданија и лошите резултати.