Навивачите на Јуве нема да патуваат во Фиренца: Не нѐ заслужувате!

Јувентус утре го очекува тешко гостување кај Фиорентина, а „бјанконерите“ нема да ја имаат поддршката од своите навивачи.

Лути поради последните лоши резултати, а пред се дебаклот од Аталанта во претходното коло, тие објавија дека нема да патуваат во Фиренца за да ја бодрат екипата и покрај тоа шансите за пласман во Лигата на шампионите се уште постојат.

„На домашен терен ќе имате поддршка погласна од кога и да е, но во Фиренца нема да не видите бидејќи не не заслужувате“, објави навивачката група на Јувентус.

Традиционално Јувентус има проблеми на дуелите со Фиорентина, а утре ќе мора да брка победа и без своите фанови.