
Нов пораз на Дортмунд, овојпат Лајпциг им зема мерка на „милионерите“ (ВИДЕО)
За Борусија која игра една од полошите сезони во последните години ова е веќе 11 пораз во сезоната и втор во низа, но четврти на последните шест натпревари.
Победата за Лајпциг денеска ја обезбедија Чави Симонс и Опенда со головите во 18. и 48. минутa.
„Милионерите“ на табелата се наоѓаат на 11-тата позиција, додека Лајпциг е 5. и води битка со Фрајбург, Ајнтрахт и Мајнц за местата кои водат во Лигата на шампионите.