
Силекс го искористи ремито на Шкендија, кикс на Работнички, големи победи за Беса и Тиквеш!
Кратовци, пак, дури во финишот на мечот го скршија отпорот на струмичкиот прволигаш и со головите на Ѓорѓиевски и Алиќ последните 20 минути од мечот им се вратија на победите по ремито со скопските црвено-црни во минатото коло. Камерунецот Гандо за малку ќе беше јунакот на Работнички, откако со голот уште во 14. минута му донесе водство на гостувањето кај Воска. И кога сите мислеа дека бодовите ќе се заминат во Дебар Маало, домаќинот во четвртата минута од судиското надополнување го изедначи резултатот.
Шкендија останува прва на табелата со 50 бодови, пред Силекс кој сега има два бода помалку и пред Работнички со 45 бодови. Воска и покрај ремито останува закована на дното со 18 бодови, додека Брера дозволи да биде достигната од директните ривали за испаѓање, Тиквеш и Беса.
Кавадарчани на домашен терен беа подобри од Гостивар (2-1) и тоа со головите на Садик во 15. минута од пенал и на Вареловски во 58. минута. Екипата од Добри Дол, пак, на мечот што како домаќин го играше во Гостивар беше подобра од актуелниот шампион Струга (3-2) во возбудлива пресметка со пресврт. Гостите први поведоа со погодокот на Фал во 11. минута, по што Шефити во 38. минута, Незири во 52. минута и Селмани во 69. минута направија целосен пресврт во корист на домаќинот, за Малески во последната минута само да го намали неговото водство. Тиквеш и Беса сега имаат по 21 бод, колку што има и Брера за пласман од деветтот до 11-отот место на табелата.
Во последниот денешен меч, Пелистер и со фудбалер помалку го совлада Шкупи (1-0) во меч одигран во скопски Чаир.