
Луд меч на Муричи: Си даде автогол, промаши пенал, па донесе победа за Мајорка! (ВИДЕО)
Мајорка го победи Еспањол со 2-1, а мечот беше отворен со автогол на Муричи во 53. минута.
Десет минути подоцна Муричи имаше шанса од пенал да изедначи, но не реализираше.
Асано во 65. минута го израмни резултатот на 1-1.
Течеше 97. минута кога Мајорка доби нов пенал, а Муричи и покрај тоа што претходно му се случуваше на мечот, зема тој да го изведе ударот од белата точка, овојпат не погреши, даде гол и донесе победа за Мајорка од 2-1.