Милан со пресврт го победи Комо и ја прекина серијата порази! (ВИДЕО)

По три последователни порази во Серија А, конечно Милан се израдува на победа откако славеше со 2-1 против Комо.

Работите и тука не почнаа добро да се одвиваат за Милан, во 33. минута Да Куња даде гол за водство на Комо од 1-0.

По пет минути игра во вториот дел истиот фудбалер повторно даде гол, но овојпат му беше поништен од ВАР поради офсјад. Офсајдот беше исклучително мал.

А само три минути подоцна по оваа ситуација Пулишиќ го изедначи резултатот на 1-1.

Во 75. минута Рејндерс по една фантастична асистенција на Абрахам погоди за комплетен пресврт и водство на Милан од 2-1, што беше и конечен резултат.

Во судиското продолжение Деле Али доби црвен картон, а потоа и Сеск Фабрегас беше исклучен.