Тухел нема да ја пее англиската химна, Германецот ја објасни одлуката!

Томас Тухел наскоро ќе дебитира како англиски селектор, а вчера ја одржа првата прес-конференција во оваа улога.

Покрај другото, Германецот беше прашан и дали ќе ја пее химната на Англија.

„Имате моќна и емотивна химна и не можам да бидам погорд од тоа што ќе ја водам англиската репрезентација. Тоа многу ми значи, но сметам дека прво треба да заслужам да ја пејам химната заедно со останатите членови од стручниот штаб и фудбалерите. Овој период ќе го искористам за уште подобро да ја запознаам културата и да го заслужам правото од вас и фановите да се вклучам во пеењето, да дојде момент кога ќе кажете дека заслужувам да ја пеам како вреден англиски селектор“, објасни Тухел.