
Пелистер ја има најверната публика во Лигата на шампионите! (ФОТО)
Пелистер имаше учинок од три победи и две нерешени средби во 14 натпревари, а во секој натпревар на домашен терен ракометарите имаа огромна поддршка.
Доказ дека публиката во Битола е една од најдобрите во Европа е и последниот податок кој го објави ЕХФ.
Имено, салата во Битола во просек на европските натпреварувања била исполнета 99.3% што секако е за респект.