На Сити не му оди, но Халанд пишува историја во Премиер лигата! (ФОТО)

Денеска Ерлинг Халанд влезе во историјата на Премиер лигата, но тоа не му помогна на Манчестер Сити да победи против Брајтон.

Халанд постигна гол со кој Сити дојде во водство од 1-0 во мечот кој на крајот заврши 2-2.

Ова не беше обичен гол за Халанд, тој стана фудбалерот на кого му требале најмалку натпревари да стигне до 100 голови плус асистенции.

За ваков учинок на Халанд му требаа 94 настапи. Тој има 84 голови и 16 асистенции.