Манчестер јунајтед не го победи ниту Лидс! (ВИДЕО)
Ова беше меч со две различни полувремиња, прво кое не беше интересно и второ кое донесе многу возбудувања.
Работите се раздвижија кога во 62. минута Аронсон даде гол за водство на Лидс од 1-0.
Но, предноста на домаќините траеше само три минути кога Куња даде гол за израмнување на 1-1.
До крајот на мечот и двете екипи имаа свои шанси за да стигнат до победа, најблиску беше Куња кој ја погоди стативата.