Луд почеток на годината: Прво Мареска, па Аморим, а веќе е познато кој следен кој ќе добие отказ!?

Англиските екипи турбулентно ја почнаа 2026 година, односно најпрво Челси го отпушти тренерот Енцо Мареска, а потоа Манчестер јунајтед го избрка Рубен Аморим, а веќе е позната и третата „жртва“.

Вест хем е блиску до одлука да го отпушти Нуно Еспирито Санто по очајните резултати во шампионатот. Тој пристигна на местото на Грем Потер, но не се прослави и тимот од Лондон ќе се бори за опстанок во елитата.

Како решение за кормилото на „чеканите“ се споменува Славен Билиќ, но најпрво Вест хем треба да донесе одлука за судбината на Санто.