Ливерпул се откажа од трката по Чаби Алонсо!

Ливерпул веќе не е кандидат за потписот на Чаби Алонсо, шпанскиот стратег веројатно ќе остане во Баер Леверкузен.

Во потрагата по наследник на Јирген Клоп, Чаби Алонсо беше прв кандидат, но Ливерпул веќе нема да го чека.

Црвените се свесни дека Алонсо веројатно ќе остане во Баер Леверкузен, тие немаа позитивен одговор од него и ќе тргнат по друго решение.

Како нов кандидат сега се споменува Рубен Аморим кој има одлични резултати со Спортинг Лисабон.

Баерн Минхен уште не се откажува од намерата за ангажман на Алонсо, но и тие се свесни дека мали се шансите да го добијат, па разгледуваат други решенија.

Се очекува Алонсо да остане во Баер Леверкузен и да го води тимот во Лигата на шампионите следната сезона.