
Ливерпул продолжува да гази - падна и Вулверхемптон! (ВИДЕО)
Мохамед Салах го отвои резултатот во 18. минута од мечот, а во продолжение од средбата домаќините создадоа неколку добри шанси, но завршницата не беше најдобра бидејќи сите удари беа испратени директно во Алисон Бекер.
Тоа го казнија „црвените“ во 68. минута преку Вирџил Ван Дајк, кој ги постави конечните 2-0 и така сега Ливерпул има 48 бода на првата позиција во Премиерлигата.