
Ла Лига подготвува ВАР иновација која треба да ја прифатат сите!
На тренерите ќе им биде дозволено да побараат ВАР преглед двапати во текот на еден натпревар.
Доколку бидат во право, нема да го загубат барањето за ВАР проверка. Односно нема да им се поништи, ќе го задржат и за друга ситуација.
Се очекува ова правило во текот на неделава да добие и официјално зелено светло од Ла Лига.
Првичните коментари се позитивни и се очекува тоа да биде раширено и по другите лиги.