Ла Лига и Реал Мадрид ќе ја разгорат војната, зашто првиот човек сака титула да освои Барса!

Шпанската Ла Лига и европскиот и шпански првак Реал Мадрид од април лани се во „војна“ откако се појави проектот за Суперлигата, а главен кератор е Флорентино Перез, па затегнатите односи потоа продолжија околу соработката за со корпорациската банка С-Ви-Си за ТВ-правата, ама сега уште повеќе ќе се разгори поради една изјава на Хавиер Тебас, првиот човек на елитната дивизија на Пиринеите.

Тебас не беше многу омилен ниту во Мадрид, ама ни во Барселона откако поради правилата на Ла Лига, Лионел Меси не можеше да биде регистриран ланското лето за Каталонците, иако многумина сметаа, па и самиот Перез, дека требало да ѝ се прогледа низ прсти на Барса поради интересот за шпанскиот фудбал, но и фактот дека не сите клубови го почитуваат финансискиот фер-плеј во Европа, а шпанскиот е – најригиден!

Сега, првиот човек на Ла Лига посочи дека сака да освои титула Барселона и тоа поради Роберт Левандовски, откако шпанската елита даде „зелено светло“ за Каталонците да може да го реализираат трансферот, кој висеше поради финансиите, кои сега се чисти.

„Се надевам дека Роберт Левандовски ќе игра во Барселона во новата сезона и дека ќе им донесе титула. Тоа е сѐ што имам да кажам за него и само се надевам(е) дека Барселона го заврши тој трансфер. Левандовски е голема ѕвезда, легенда на европскиот фудбал и на Баерн, а неговото доаѓање во Шпанија е многу важно за нашиот фудбал“, рекол Тебас.

Сега се чека реакција на Перез, кој сигурно нема да му остане должен да му одговори на својот „непријател“ со кого веќе година ипол се препукуваа за најразлични клучни работи во шпанскиот и европскиот фудбал.