
Кумановецот Јашари почна бојкот, не сака да игра веќе за Клуб Бриж - има само една желба!
Тој сака трансфер во Милан, тоа е неговата единствена желба ова лето, но преговорите меѓу двата клуба се одвиваат тврдо.
Клуб Бриж не сака да наседне на однесувањето на Јашари за кое смета дека е само правење притисок за тие да ја прифатат последната понуда на Милан.
Белгискиот клуб има зацртана линија под која не сака да отиде, бараат 40 милиони евра за Јашари.
Последната понуда на Милан достигна до 38 милиони евра од кои 33 милиони сигурни, 2,5 милиони во полесни бонуси и уште 2,5 милиони во потешко остварливи бонуси.
Игли Таре рече дека ова е и последната понуда на Милан, но се верува дека росонерите не кренале раце од намерата.