Клоп се враќа на тренерската работа, но прави шокантен избор!?

Јирген Клоп се поврзуваше со тренерското столче на Реал Мадрид, но шпанските медиуми сега пишуваат дека друг е клубот каде Германецот ќе биде тренер.

Наводно неговиот избор е градскиот ривал на Реал, Атлетико Мадрид. Клоп треба да биде наследникот на Диего Симеоне.

Се зборува дека Клоп ќе ја напушти својата позиција на „глобален раководител на фудбалот“ во клубовите под капа на Ред Бул, наводно „биковите“ не биле задоволни од неговата работа.

За ова брзо стигна демант, но медиумите не престанаа да шпекулираат дека Германецот ќе замине од Ред Бул и ќе се врати на тренерската работа.

Веќе неколку дена Марк Руан, генералниот извршен директор на Аполо, новиот сопственик на Атлетико, водел преговори со Јирген Клоп.

Се прави и паралела помеѓу претходните избори, односно тоа што во Германија беше тренер на Борусија Дортмунд наместо на Баерн Минхен, во Англија беше тренер на Ливерпул а не на Манчестер Сити или Манчестер Јунајтед… па следниот избор да му биде кормилото на Атлетико Мадрид, а не на Реал Мадрид.