„Ќе променам многу работи, на Јувентус му се потребни победи!“

Јувентус го ангажира Игор Тудор како замена за Тиаго Мота и му ја довери тренерската позиција до крајот на сезоната, при што ќе има тешка задача да го врати тимот на победнички патеки.

Хрватот го презема кормилото од Мота, по што на првата прес-конференција најави дека Јувентус ќе игра со нова тактика.

„Ќе промениме многу работи, кои најверојатно ќе го забават нашиот развој. Сепак, во Јувентус се очекуваат победи и затоа мора брзо да растеме. Потребни ни се резултати, ќе имаме многу тактички промени“, кажа Тудор.

„Старата дама“ во моментов се наоѓа на петтата позиција со 52 бодови по 29 одиграни кола, односно 12 поени помалку од лидерот Интер.