Ако му се допадне новиот тренер, ќе остане во Баерн Минхен!

Директорот на Баерн Минхен, Еберл потврди дека иднината на Џошуа Кимих е неизвесна и тој би можел да си замине летово доколку не му се допадне новиот тренер.

Актуелниот договоро на Кимих со Баерн Минхен истекува во јуни 2025 година, па доколку не потпише нов, Баварците ќе мора да го продадат ова лето за да не го загубат за беспари.

„Тој ни рече многу јасно: Сакам да знам кој ќе биде нов тренер““, вели директорот Еберл за Кимих.

„Ќе видиме дали ќе сака да остане, ние сакаме, па од него ќе зависи, тој треба да одлучи“.